Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со лаги сака да го покрие својот криминалот

СДСМ не може да се помират со фактот дека по 12 април ќе одговараат за целиот криминал кој го направија. Паниката која ги зафаќа ги тера да одат од грешка во грешка. Обвинувањата кои СДСМ и Зоран Заев неколку дена по ред ги изнесуваат за наводен криминал се апсолутно неточни. Доколку има каква било вистина во нивните обвинувања досега ќе отвореа постаки, а судството контролирано од нив ќе донесеше експресни пресуди, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Стефан Васев од СДСМ.

„Да појасниме, се работи за два различни договори, по отворена транспарентна постапка, и кога почнува вториот договор, се раскинува првиот договор. Вториот договор важел до пред 6 месеци, период кога СДСМ е на власт, а Заев е премиер.

Вакви слични лажни обвинувања СДСМ изнесуваше и за начинот на кој Христијан Мицкоски се стекнал со концесија за хидроцентрали за кои антикорупциската комисија потврди дека нема никаква поврзаност со неправилности и криминал“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе