Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ продолжува да ги лаже граѓаните, сиромаштијата е сѐ поголема

Власта предводена од СДСМ и понатаму продолжува да ги лаже граѓаните дека обезбедува економски раст во државата. Откако тие се на власт над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија и граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Околу 18.500 граѓани си заминале од државата, од кои 8.000 не се ни вратиле, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

„Нема просечна плата од 500 евра, нема повисоки пензии како што СДСМ ветуваше во предизборието.

Доказ дека оваа власт не работи ништо е фактот што фирмите во Република Македонија уплатиле за 32% помалку данок на добивка во вториот квартал од 2019 година во однос на истиот квартал од претходната година, а во услови на проектиран раст од 3,5% кај приходите од овој данок за цела 2019 година.   

Единствено нешто што граѓаните добија од оваа криминална власт на чело со Зоран Заев е покачена акциза на нафтата, поскапо гориво и нула капитални инвестиции.

Сето ова покажува дека на Македонија ѝ се потребни предвремени парламентарни избори. ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада и ќе овозможи граѓаните на оваа држава да живеат подобро“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе