„Но пратениците од СДСМ гласаа против, исто како што гласаа против намалување на акцизата на горивата за 50% и намалување на ДДВ од 18% на 5%. И тоа во време кога во Германија се намали данокот на горивата, а вчера и во САД претседателот Бајден побара од Конгресот суспензија на федералниот данок на горивата во период од 3 месеци. Во Германија со намалувањето на даноците литар гориво е скоро иста цена како во Македонија, со 10 пати поголеми плати, а во САД горивото е далеку поевтино, но и таму се намалуваат даноците. Само пратениците од СДСМ и ДУИ не сакаат да гласаат за повисоки плати и намалување на даноците и акцизата на горивата, се наведува во соопштението на партијата. Само СДСМ и ДУИ работат против граѓаните. Затоа премногу е. Промени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
- Македонија
- Спорт
- Свет
- Забава
- Култура
- Кујна
- Фото
- 59НОВИ / 24h
- 1 од 10
- следно ›
- Контакт