ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ си ја префрлаат топката за тоа кој е повеќе крив за трагедијата во Тетово

СДСМ и ДУИ бедно и очајно преку медиуми си ја префрлаат одговорноста за трагедијата во модуларната болница во Тетово каде што живи изгореа 14 пациенти. СДСМ од една страна го штити Филипче и го обвинува директорот на болницата дека тој бил надлежен за контролата и оперативноста на објектот. Од друга страна ДУИ го штити директорот Бесими, брат на министерот за финансии и тврди дека надзорот над градбите на модуларните болници не го правеле акредитирани фирми, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Еве да им помогнеме на коалициските партнери СДСМ и ДУИ. И двете страни сте одговорни за смртта на 14 лица и мора да понесете морална одговорност, а потоа да има и кривична одговорност за оние кои ги прекршиле позитивните акти и ги загрозиле граѓаните.

СДСМ и ДУИ обвинувајќи се меѓу себе откриваат дека немало соодветен надзор на модуларните објекти, немало противпожарен систем за заштита, немало технички прием, немало атестирани материјали, немало ништо што би гарантирало сигурност на пациентите.

Ете зошто за Заев темата за модуларната болница е банална, затоа што дебело е заглавена неговата власт во оваа трагедија. Џабе му е тактизирањето со оставките и обидите да го спаси Филипче по секоја цена. Одговорност мора да има и за директорот на болницата и за заменикот министер Хасани и за министерот Филипче, а бидејќи ги прикрива и штити треба и за Заев“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе