ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е на вистинскиот пат Македонија да ја втурне во провалија

Заев и екипата околу него се на пат да ги наполнат своите приватни конта, додека граѓаните гладуваат. СДСМ е на прав пат да исели уште 1.000 луѓе за еден ден во градови како Делчево, Берово, Виница или Македонска Каменица, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ е на пат да го уништи земјоделието, родот наместо на пазар завршува на буниште, здравството колабира, министерот и директорот на ФЗО наместо за подобро здравство работат за криминалот на Заев. СДСМ е на вистинскиот пат да го осакати образованието, учениците и по еден месец откако почна учебната година немаат учебници.

СДСМ е на прав пат да ги понижи безбедносните служби. Полицајците и војниците носат скинати униформи. СДСМ е на добар пат за во опозиција, предвремени избори час поскоро“, се вели восоопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе