Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дрско лаже за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги демантира наводите на СДСМ дека кандидатката за градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска има бугарски пасош и вели дека тоа е дрска лага и манипулација. 

„Ваквата црна кампања досега е незапаметена и таа е последица на стравот од пораз на Шилегов и Заев. СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска.

Во целост ги демантираме ваквите невистини, и ниту една црна кампања, вклучителна и таа во која вмешуваат членови на потесното семејство на Арсовска нема да им помегне да го одбегнат поразот од народот кој им следи”, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека ова не е прв пат, како што велат, СДСМ да мавта со лажни обвинувања за бугарски пасоши и дека тоа станува дел од нивната стратегија „додека Заев врши притисоци врз членови на историската комисија да потпишат тоа што Заев во 4 очи договорил да продаде со бугарската власт”.

 

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе