ВМРО-ДПМНЕ: Само за негаторските кругови во Софија и за антимакедонската СДС Договорот со Бугарија не е асимилаторски

Договорот со Бугарија е коренот на асимилаторските и негаторските уцени кои се упатени кон Македонија. Токму со Договорот со Бугарија се формираше рамка и оправдување на барањата на Бугарија кои задираат во македонскиот идентитет, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. 

За жал, спротивно на волјата на народот и спротивно на експертската јавност, антимакедонецот Ковачевски дозволи преку Комисијата да се менуваат македонските учебници и историски факти за личности и настани. 

Антимакедонецот Ковачевски ги презентира “отровните плодови“ кои ги роди “отровното дрво“ наречено Договор со Бугарија, како успех. Тоа е бесрамност, однароденост и одлепеност од реалноста. 

Овој процес ако не се спречи нема да има крај, туку напротив води кон целосна асимилација преку нови понижувалки, уцени или кон бескрајно вето.

„Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува на сенародно обединување и отфрлање на договорот преку референдум.

Овој договор е билатерален и нема апсолутно никакви европски вредности содржани во него. Напротив спротивставување на ваков анахрон договор е европска вредност и принцип. Чудно е што демократски вредности во негирање на македонскиот јазик, култура и историја гледаат само негаторските кругови во Софија и СДС. Оттука да не се чудат што се антимакедонска партија.

Народот јасно кажува дека е против Договорот и понижувањата кои произлегуваат од него. Власт која го игнорира својот народ е осудена на пораз. Тоа ја чека и оваа ненародна власт предводена од антимакедонецот Ковачевски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе