ВМРО-ДПМНЕ: Русковска не кажува кој ја земал торбата со пари од куќата на Боки 13

Ако за Русковска не е важно каде завршила торбата Луј Витон, за граѓаните на Македонија е многу важно. Ако за Русковска не е важно кој е на снимката што ја презема торбата Луј Витон од домот на Боки 13, за сите обични луѓе кои ја плаќаат цената на корумпираната и криминална власт е исклучително важно, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Срамно и крајно несериозно е Русковска да покренува обвинение без да ги заврши сите вештачења и истражни дејствија. Тоа покажува дека главна цел на обвинителството во целиот случај е да се прикријат трагите кои водат кон главата на октоподот Зоран Заев. Затоа и целиот случај се развлекува. Затоа шест месеци откако е пријавен случајот главен фокус на истрагата се Зоки Кичеец, Боки 13 и Катица Јанева, а нарачателите и луѓето кај кои завршиле парите остануваат далеку  од рацете на правдата.

Граѓаните мора да дознаат кои политичари ја злоупотребиле својата функција за рекетирање на фирми и бизнисмени. Додека граѓаните ги плаќаат политичарите да работат за државата, тие рекетирале милиони од бизнисмени и фирми.

Доколку Русковска сепак ја развлекува постапката и не ги изнесе деталите пред јавноста, таа како и сите инволвирани во милионскиот рекет ќе се соочат со лицето на правдата по враќањето на правната држава во Македонија по 12 април“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе