ВМРО-ДПМНЕ: Русковска и власта сакаат да се заборави случајот „Рекет“, Боки 13 сѐ уште не дал исказ

Истекуваат два месеци откако Боки 13 е во притвор, а тој сѐ уште не е повикан на распит. Што знае Боки 13, па Русковска и Заев се плашат од тоа!? Единствено што ЈО прави е развлекување на истрагата за да биде заборавена во јавноста аферата „Рекет“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„ЈО молчи и за случајот објавен во медиумите, во кој се вели дека високи функционери на УБК со чувствителни материјали рекетирале бизнисмени. Тоа значи директно и на втора институција, после СЈО во незаконски дејствија.

За сето време Катица Јанева продолжува да командува со институцијата преку која го вршела кривичното дело. Несвојствено е ЈО за осомничен кој извршил такво дело да не побара одалечување од службата.

Русковска молчи и за наредбите на Јанева од притвор, која командува со нејзиниот шеф Јовески, а се наоѓа зад решетки заради злоупотреба на службена положба и овластување. Апсурд до апсурд.

Ваков правен систем не постои никаде во светот. Ова не е право, туку циркуз. СДСМ не сака право. СДСМ сака криминалците да останат неказнети. СДСМ нема кредибилитет повеќе. СДСМ мора да си замине“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе