ВМРО-ДПМНЕ: Русковска и Јовески го штитат Заев во случајот „Рекет“

Катица Јанева е рекетарот на Зоран Заев. Цела македонска јавност знае дека главата на октоподот е единствениот аболициран премиер во Европа. Русковска и Јовески и натаму се ставаат во заштита на криминалот, во заштита на Зоран Заев кој е на чело на операцијата за рекетирање на политичари, бизнисмени, македонски граѓани, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите слушнаа како Боки 13 го споменува името на Зоран Заев во една од аудио снимките на „Ла верита“ и како тоа тој нема да прави проблеми за рекетот. Сите слушнаа како Боки 13 откако рекетира, заминува на средба со Заев. Сите освен Русковска и Јовески кои на прес конференција лажеа и тврдеа дека нема вмешано политичари во аферата „Рекет“.

Што се случи со Коки, Кики, Фрики, Шеки и останатите членови на рекетарската банда, што се случи со градоначалниците на СДСМ кој потпишуваа меморандуми за соработка со невладината организација на чие чело беше Боки 13, а за која сега постои основано сомневање дека служела за перење пари.

Дали „истрагата“ на Русковска не се проширува бидејќи и самата знае дека доколку истата ги зафати пипците на октоподот, ќе се стигне до главата? Зошто Русковска упорно го штити и амнестира Зоран Заев?

        Правда во Македонија одамна нема, правната држава ја укина човекот кој никогаш не се соочи со правдата, човекот кој три пати е амнестиран за тежок криминал, Зоран Заев. 

        Но вистината секогаш излегува на виделина, Зоран Заев е спремен да ги предаде своите најблиски соработници за да купи уште малку време, за да краде и рекетира. Деновите во премиерската фотелја му се избројани. Граѓаните ќе ја казнат оваа криминална рекетарска банда на чело со Зоран Заев, а тогаш ќе одговара за сите злодела и криминали, а ќе одговараат и оние кои се ставија во заштита на криминалот, наместо да го гонат истиот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе