ВМРО-ДПМНЕ: Рекорди во бројот на жртви од корона, а Заев и Филипче сакаат да си ја спасат политичката кариера

Македонија продолжува со црните биланси од епидемијата. Заради лошото менаџирање со кризата, наместо да се стишува, епидемијата сѐ уште е на нивото кога беше прогласена вонредна состојба. Во последното деноноќие во Македонија се регистрирани вкупно 23 нови случаи на заболени и еден починат од корона вирусот. Ова покажува дека Зоран Заев, СДСМ и Филипче наместо да се фокусираат на здравствени мерки бараат начин како да ја спасат политичката кариера и како да го ублажат престојниот пораз на изборите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија е рекордер во регионот по смртност на еден милион жители.  Македонија е во врвот по заболени на еден милион жители.  Македонија е на дното по бројот на тестови кои се прават.

При вакви состојби СДСМ и Заев се подготвени по секоја цена, по цена на животот и здравјето на граѓаните да брзаат на избори, затоа што мислат дека така ќе се спасат. Се лажат. Македонија прво ќе ја победи епидемијата, а потоа ќе ги победи неодговорните и погрешни политики на Заев.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија. Тоа народот ќе го казни“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе