ВМРО-ДПМНЕ: Расипништво, корумпираност и неспособност на Владата на СДСМ

СДСМ пропаѓа. Сѐ послабиот рејтинг е јасен показател дека расипништвото, корумпираноста и неспособноста на Заев се прочитани. На граѓаните им е преку глава од лошите политики, стагнацијата во економијата, руинираното здравство, закржлавеното образование, запуштеното земјоделство, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните му веруваат на ВМРО, како единствена алтернатива која ќе ја извлече државата од апатијата во која не внесе Зоран Заев.

Рапидното задолжување мора веднаш да запре. Недозволиво е Македонија да има над 5,3 милијарди евра јавен долг, а во исто време да бележиме пад на инвестициите и катастрофална реализација на капиталните инвестиции.

28% капитални инвестиции за 2/3 од годината е одлика на неработа, безидејност и некадарност.

Немањето на откуп за земјоделските производи, ниските  цени и лошата земјоделска политика резултираа со буништа полни со земјоделски производи, земјоделци во тага и изнемоштеност.

СДСМ нема капацитет да ги запре негативните политики, ниту кредибилитет повторно да бара поддршка, да лаже и да ветува. Единствен начин државата да се исправи на вистинскиот пат е пад на Зоран Заев и СДСМ. СДСМ паѓа и назад нема. Доаѓа време за обнова на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе