Локални избори

ВМРО-ДПМНЕ: Промените веќе никој не може да ги запре, изборите покажаа дека Заев е најлошото за вашата општина

Изборите покажаа дека Заев е најлошото за вашата општина, народот одбра иднина. Народот на Македонија победи, ја победи неработата, безидејноста и неспособноста на СДСМ. Победија мажите и жените, младите и старите. Победи Македонија. Победи желбата за подобро утре, соопшти утрово ВМРО-ДПМНЕ по вчерашниот прв круг од локалните избори.

„Се роди нова надеж, надеж за промени, за нова иднина. Народот масовно гласаше против поделбите. Народот избра заедничка иднина. Победа е првиот голем чекор до просперитетна Македонија. Ова е победа на народот и ние нема да го изневериме народот. Уште од првиот ден како градоначалници и советници луѓето од ВМРО-ДПМНЕ изберени на тие функции целосно ќе се посветат на решавање на проблемите на луѓето.

Но финалната победа доаѓа по вториот круг. За да се заокружи процесот. Излезете и гласајте масовно за кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Промените веќе никој не може да ги запре“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе