ВМРО-ДПМНЕ: Претепувањето на Миле и Спиро е акт на деспотизам и страв на власта

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле и Спиро е акт на деспотизам и страв на власта која се плаши од неминовниот пораз од граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ на вчерашните настани во врска со инцидентите околу притворените лица Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

„Не помина еден ден откако ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека власта врши тортура и свесен линч и доказот за тоа го видовме вчера. Тепани и линчувани луѓе во притвор, како да се наоѓаме во Северна Кореја, а не на тлото на Европа.

Миле и Спиро, како и сите граѓани кои се влечат по затвори врз основа на рекла казала муабети и заради спротивни политички гледишта од тие на власта се жртви на политчки прогон. Зоран Заев, Рената Дескоска и директорите на Управата за извршување на санкции и притворскиот затвор во Шуто Оризари' треба да понесат одговорност веднаш.

Недозволиво е притворени лица да бидат изложени на физичко линчување. Одговорност мора да има. Граѓаните ги прочитаа очајните обиди на Заев. Закрвувањето на општеството нема да му успее.            Зоран Заев и луѓето околу него кои учествуваат во овој прогон ќе одговараат кога ќе се врати правната држава“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе