Партиска реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за Талир ја напиша СДСМ во зградата узурпирана од МОН

„Пресудата за случајот Талир 2 е диктирана во СДСМ, и тоа од седиштето кое е нелегално присвоено како поранешен објект на МОН. Ова го прават не затоа што се силни туку затоа што се слаби и знаат дека народот не ги сака и рејтингот на СДСМ тоне.ВМРО ДПМНЕ не се објектите, туку народот. Пресудата на Талир е дефокус од животот во национална катастрофа, поскапувања и грабеж кој се прави на народот“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ од која беше побарано ВМРО-ДПМНЕ да ги врати парите од „Белиот дворец“ и другиот имот.

Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се нагласува дека Обвинителството и судот се продолжена рака на СДСМ

„Пресудата во случајот Талир 2 е предвреме напишана. Истата е обзнанена неполни 24 часа по завршните зборови. Кога судијката најде време да ги анализира завршните зборови, и кога најде време да ја напише пресудата. За разлика од имотот на ВМРО-ДПМНЕ, кој е стекнат легално, СДСМ има узурпирано имот на МОН. СДСМ е единствена партија во светот која за партиско седиште има зграда на Министерство за образование. Партиското седиште на СДСМ наместо студентски дом како за студентите на Медицинскиот факултет сега е седиште на најкриминалната партија“, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ повикува СДСМ да каже како го стекнале своето седиште кое е симбол на луксуз, а институциите треба да го истражат случајот како државна зграда станала партиски штаб.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе