ВМРО-ДПМНЕ: Преспанскиот договор е потпишан за да се покријат криминалите на Заев

Зоран Заев се обидува да ги заплаши граѓаните дека доаѓа крајот на светот ако не се согласуваат со неговиот капитулантски договор. Тој знае дека се ближи денот кога ќе треба пред граѓаните да одговара за тргувањето со државните и национални интереси, за продажбата на јазикот и историјата. Затоа тој се служи со апокалиптични сценарија претставувајќи дека единствениот начин за преживување е неговото виткање на кичма, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонските граѓани се свесни дека единствената причина поради која Заев го потпиша капитулантскиот Преспански договор беше за да ги покрие сопствените криминали преку кои тој го оштети државниот буџет за стотици милиони евра. Граѓаните знаат дека тој договор беше обид за спас на Зоран Заев и неговите пајташи, а не за спас на Македонија и граѓаните.

Преспанскиот договор наместо подобар живот на граѓаните им донесе заробени институции, секојдневни престрелки по улиците и афери како „Рекет“, „Сархемс“, „Леонардо“, но и крвави тендери и концесии за марихуана од кои единствена корист има Заев и врхушката на власт околу него. 

Ни трага ни глас нема од нови болници, училишта, студентски домови и студентски град, 500 километри автопати, големи инвестиции како „Гугл“ и „Фејсбук“, а нема ни почист воздух. Нема ништо од тоа што го ветуваше кога по плоштадите ветуваше живот за сите, а животот дојде само за него и функционерите на власт.

Наместо живот донесе сиромаштија и беда, јавниот долг вртоглаво расте, а повеќе од половина милион граѓани на Македонија едвај преживуваат. Затоа граѓаните ќе го казнат Заев. За сите овие злодела и порази кои ги испорача изминативе три години.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои двотретинско мнозинство ќе стори се што е можно за да ги корегира штетите кои Зоран Заев и ги направи на Република Македонија. Toa не значи дека Македонија нема да биде дел од НАТО или дека ќе има помалку странски инвестиции. Напротив, Македонија ќе биде горд сојузник на нашите стратешки партнери, а странски инвестиции ќе има многу повеќе отколку сега“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе