ВМРО-ДПМНЕ: Предложениот закон за ЈО е во спротивност со Уставот

Зоран Заев и СДСМ се плашат да се соочат со одговорноста и затоа бараат начин да ги одложат изборите. За да се спаси самиот себе и сопствените криминали Заев е подготвен во заложништво да ги држи и граѓаните и Република Македонија. Законот за Јавно обвинителство е во спротивност на Уставот, експертските мислења и кривичната материја. Тој единствено е добар за Зоран Заев и СДСМ, а причината за тоа е да не одговара за заробеното правосудство, политичкиот прогон и аферите и криминалите, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Секојдневно на површина излегуваат милионски криминали и афери на луѓе блиски до Зоран Заев и СДСМ, но сѐуште не е процесуиран ниту еден случај. Сите видоа и слушнаа како врвот од СДСМ уценува, рекетира, прави криминал, но не и правосудните органи. Никој во Македонија не верува дека не се процесуираат случаи против функционерите од власта без Заев да врши влијание врз сервилните судство и обвинителство. Исто како што никој во Македонија повеќе не верува дека сме прогласени за најкорумпирана држава во Европа и хибриден режим, а Заев да нема никаква вина за тоа.

СДСМ и Зоран Заев се во паника и очајно им е потребен изговор со кој ќе избегаат од соочување за сите злодела, порази и понижувања во изминативе години. Сакаат власт по секоја цена и бегаат од правдата, затоа и трет пат за краток период уценуваат со одложување на изборите.

Република Македонија повеќе не смее да биде заложник на партиските и криминалните интереси на СДСМ и кланот Заеви. Македонија мора да добие закон кој ќе гарантира вистинска борба против корупцијата и криминалот.

Неопходно е законско решение донесено со консензус во кое ќе бидат внесени мислењата на експертската јавност. Затоа законот мора да биде дело на експерти и професори по уставно и казнено право од Правниот факултет кои имаат релевантност, искуство и знаење. Таквиот закон ВМРО-ДПМНЕ безрезервно и без двоумење ќе го прифати.

Мора да се стави професионализмот над партиските и бизнис интересите. Граѓаните и Република Македонија повеќе не смеат да бидат заложници за задоволување на криминалните бизнис интереси на Заеви“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. 

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе