ВМРО-ДПМНЕ: Предлагаме итни мерки против загадувањето

Власта за нови автомобили и мебел ќе потроши 7 милиони евра, а за наводниот „стратешки приоритет", борбата со загадувањето, ќе потроши само 1,5 милиони евра. Дали луксузните автомобили и мебелот се поважни од здравјето на граѓаните, од воздухот кој го дишат граѓаните, прашува ВМРО-ДПММНЕ во денешното соопштение.

„Дали лубрикантите за кои владата потроши 1,6 милиони евра се поважни од илјадниците животи на граѓани кои се жртва на загадувањето на воздухот. Светската здравствена организација во последниот извештај прикажа поразителни податоци дека 3 илјади лица годишно се директна жртва на загадувањето“.

ВМРО-ДПМНЕ предлага итни мерки против загадувањето!

„Предлагаме итно зголемување на мерните станици ширум Македонија, субвенции за набавка на електрични автомобили и печки на пелети, субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства, забрана за употреба на петрол и кокс.

МВР мора го пренасочува движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на зголемена загаденост. Мора да се забрза процесот на гасификација кое беше едно од клучните предизборни ветувања на СДСМ како редовна контрола од надлежните инспекциски служби на котлите за горење и оџаците.

Граѓаните мора да добијат бесплатен градски превоз додека трае загадувањето, а инспекциските служби, како на државно, така и на локално ниво, да работат на пронаоѓање на загадувачите во зимски услови 24 часа. Дивите депонии мора темелно да се чистат, а граѓаните да добијат бесплатна здравствена заштита доколку се утврди дека се директна жртва на аерозагадувањето.

Веќе не станува збор за политика, станува збор за човечки животи. Овие мерки се мерки кои живот значат“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе