ВМРО-ДПМНЕ предлага парите од вториот пензиски фонд да се уплаќаат во задолжителниот фонд

Повеќе од јасно е дека СДСМ и Заев не знаат и не можат да се снајдат во целата ситуација во која се наоѓа државата поради коронавирусот. Дупката во буџетот постојано се поместува. Една милијарда и 200 милиони евра за кои Заев зборуваше до пред некој ден, за неколку дена станаа преку 2 милијарди евра, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Повеќе од јасно е дека оваа влада нема ниту стратегија, ниту план, а за тоа ВМРО-ДПМНЕ веќе три години предупредуваше. Решението не е во удирањето по џеб на работниците, кои и сега едвај преживуваат. ВМРО-ДПМНЕ нуди помош за владата, а исто така и за државата, која се состои од неколку  чекори.

Првиот чекор е  благајничките записи од околу 25 милијарди и 200 милиони денари, веднаш да бидат откажани за месеците што следат и наместо тие благајнички записи да бидат запишани државни хартии од вредност коишто ќе ги издаде Министерството за финансии и ќе имаат рок од еден месец и така секој месец тие ќе се обновуваат и продолжуваат.

Вториот чекор е средствата што беа уплаќани во вториот задолжителен приватен пензиски фонд со уредба на владата да бидат пренаменети и наместо во вториот задолжителен приватен пензиски фонд од први април да бидат уплаќани во државниот задолжителен пензиски фонд. На тој начин ќе се обезбедат 10 милијарди денари што ќе гарантираат стабилна, сигурна и навремена исплата на пензиите на пензионерите.

ВМРО-ДПМНЕ подава рака да се санираат сите последици од пандемијата и од економската криза во која се наоѓа државата. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е во овие услови да се крене стопанството и да може да се одржи економијата“, се вели во соопштението на партијата.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе