ВМРО-ДПМНЕ: Правда во Македонија нема, потребни се итни предвремени избори

Убиецот на Мартин Нешковски е на слобода, а луѓе лежат за обичен прекршок кога немаат пари да ја платат казната. Двајцата убијци од Арачиново се ослободени, за убиството на три деца, а на Зоран Заев му се заблагоруваат за ослободувањето. Власта не кажува кои се Кики и Фрики, а нема фирма која не е изрекетирана, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ОЈО не поведува постапка против Драги Рашковски, иако има сомненија дека сторил милионски криминал, а новинари се викаат во станици и им се врши тортура.

Обелоденет е најголемиот рекетарски скандал, бизнисмени јавно говорат, изнудувани се милиони во период од неколку месеци, а Катица Јанева во чие име е вршен рекетот се шета на слобода.

Зоран Заев е главата на криминалниот октопод кој ја има запоседнато државата последниве три години. Зоран Заев е гаранцијата за неказнивост на сите криминалци и мафијаши кои ги мачат граѓаните. Заев мора да си замине. Граѓаните заслужуваат да живеат мирен живот. Потребни се итни предвремени парламентарни избори, и ЈО кое ќе биде финансиски независно и ќе може да биде непристрасно“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе