ВМРО-ДПМНЕ: Поради лошо управување со РЕК за покривање на штети потрошени 20 милиони евра

Дефектите во РЕК Битола не запираат и вчера вечерта од употреба е исфрлен блокот 3 во РЕК Битола, само ден откако во функција е вратен блокот 1. Неспособноста на Заев ѝ носи милионски штети на Република Македонија секој ден, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение.

„Само исклучувањето и вклучувањето на блокот 3 ја чини државата 200.000 евра, дополнително секој ден неработење ја чини државата 240.000 евра. Само за денеска штетата која е причинета во однос на буџетот изнесува околу половина милион евра.

Половина милион евра наместо за нови инвестиции и проекти во енергетскиот систем во државата завршуваат за покривање на штетите предизвикани од неспособните партиски вработени во РЕК Битола“, пишува во соопштението.

Според партијата, само заради лошото управување на власта со РЕК Битола државата оваа година на покривање на штетите потрошила над 20 милиони евра.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе