ВМРО-ДПМНЕ: Политичкиот прогон продолжува, Чавков приведен со измислена службена белешка

Доказ за политичкиот прогон во Македонија е и преседанот со апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков кој беше приведен на мафијашки начин со измислена службена белешка, и покрај дадената парична гаранција, само неколку дена пред да биде изречена пресудата за политички монтираниот случај за 27 април, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија е заробена држава, заробена од заевизмот, систем на владеење кој ја укина правната држава и владеењето на правото во Македонија. Мафијашкото владеење на Зоран Заев и неговиот клан се базира врз политичкиот прогон на неговите неистомисленици. Оние кои први го кренаа гласот против оваа одродена и криминална власт, станаа првите жртви на нејзиното владеење.

Македонија е единствената држава во демократска Европа во која во 21 век во затворите се уште има политички затвореници, луѓе кои таму се наоѓаат само поради различните политички ставови со Зоран Заев.

Кацарска судството и Русковска обвинителството се симболи на заевизмот, симбол на неостварените ветувања за правда во Македонија, симболи на политичкиот кој не бира средства и начини за вршење тортура врз политичките противници на власта.

Правото и правдата во Македонија мора да се врати. На заевизмот кој е реминисценца на криминалната транзиција мора да се стави крај“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Кина му дава на регионот нова надеж додека сонот за ЕУ се распаѓа, вели Политико.

повеќе

Северна Македонија стана кандидат 9 години пред Албанија и нема ништо лошо побрзо и да оди напред.

повеќе

Сега, додека балканскиве политичари ќе шетаат низ духовноста како волови во свила - каде им се врвните интелектуалци што би внеле елеганција во совладување на споровите?

повеќе