ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е ист како неговиот господар Заев

Стево Пендаровски е слуга на Зоран Заев и следбеник на антидржавните и криминални политики на картелот, без право на збор секогаш кога неговиот господар Заев е со него, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение.

„Стево Пендаровски 102,5% се идентификува со неговиот господар Заев кој го избрал за да го продолжи и аминува ограбувањето на граѓаните и распродавањето на националните интереси.

Пендаровски пред две години исто како Заев тврдеше дека ќе се намали младинската невработеност и ќе се подобри стандардот на младите. Младинската невработеност не е намалена. Младите се повеќе се иселуваат. Пендаровски лаже како Заев, тие се 102.5% исти.

Заев ветуваше просечна плата од 500 евра. Просечната плата е далеку од 500 евра и после две години откако тој ја презема власта. Пендаровски и Заев се исти. Заев лаже и Пендаровски лаже.

Граѓаните секојдневно се соочуваат со последиците од погрешните политики во економијата на СДСМ. Нема нови работни места. Нема подобар стандард. Граѓаните почнаа да гледаат единствена опција во иселувањето“, пишува во партиското соопштение.

Од партијата изнесуваат податоци на германската амбасада дека истата издава скоро 20.000 работни визи годишно, тоа се пред сѐ млади луѓе, од кои голем дел и трајно се иселуваат.

„Заев излажа кога кажа дека ќе ги врати младите. Иселувањето не само што не е запрено, туку е и забрзано. Заев и Пендаровски се 102.5% исти во лажењето“, се додава во соопштението.

 

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе