Партиско соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Пајтон партиите се панцир за криминалната Влада на Ковачевски

„Пајтон партиите ЛДП, ДС и ДОМ да престанат да бидат панцир за криминалната влада на Ковачевски водена од ДУИ. Криминалната влада на Ковачевски може да постои само доколку ЛДП, ДС и ДОМ и понатаму одлучат за неколку директорски места во јавната администрација да остават со државата да владеат луѓето на Заев и да го штитат неговиот криминал“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ соопштуваат дека како министри остануваат Оливер Спасовски и Љупчо Николовски, „двајца чинители заради кои сме на врвот на листите за криминал и корупција во светот, а државата наместо мека за инвестиции, стана мека на криминалци, кои од тука веднаш добиваат пасош“.

ЛДП, ДС и ДОМ со гласање и ставање себе си во владата на Ковачевски тие ги поддржуваат криминалите на СДСМ и ДУИ и работат на нивна заштита, смета партијата и нагласува дека овие партии треба да се да се одважат и, „доколку се против криминалот и корупцијата, да гласаат против владата на пиунот Ковачевски“.

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе