ВМРО-ДПМНЕ: Оваа власт потфрли во справувањето со здравствената криза

Нов ден, нов црн биланс во справувањето со корона вирусот. За едно деноноќие се бележат 112 нови заразени и 8 починати. Очигледно дека министерот Филипче премногу време посветува на својот градежен бизнис наместо да се справува со епидемијата и последиците од неа. Светот ќе влезе во вториот бран, а кај нас уште не се знае дали завршивме и со првиот бран од епидемијата, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија според Би-би-си е рекордер во регионот по смртност  на 100 илјади жители. Филипче вели сѐ е под контрола, дека живееме во нова нормалност, а секој ден бележиме огромен број заболени и починати. Македонија достигна 17.700 заразени и скоро 740 починати. Уште не е почнат вториот бран , а македонското здравство е пред колапс.

Но оваа мафија на власт не потфрли само во справувањето со здравствената криза, туку потфрла и во аспектот на економијата и образованието.

Економијата е клекната на колена. Македонија има еден од најголемите падови на економијата во споредба со останатите земји, односно БДП за едно тримесечие бележи пад од 12,7%. Долгот на државата за само три месеци е зголемен за нови 1 милијарда евра, а за истиот тримесечен период 40 илјади лица останале без работа, а дополнително уште толку не земаат редовна плата.

На ден пред почнувањето на новата училишна година платформата за онлајн настава на министерството за образование не функционира. Владее хаос. Иако го одложија почетокот на училишната година за еден месец дури сега им текна да тестираат платформи, да спроведуваат обуки и да креираат планови.

Состојбата во државата е резултат на неспособната власт. Ниту еден систем не функционира, освен системот на организиран криминал и корупција кој   овозможува богатење на мафијата на власт и осиромашување на народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе