среда, 24 април 2024
Претседателски избори 2024

Сиљановска Давкова: Mора да се сплоти сето она што навистина и посакува добро на Македонија

Горда сум на мнозинството граѓани и не само на оние кои гласаа за мене, а особено на членството на ВМРО-ДПМНЕ затоа што така го запознав народот, а и народот ме запозна мене, кажа вечерва кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова во првото обраќање денеска по завршување на гласањето во првиот круг од претседателските избори.

Фото: Роберт Атанасовски

Објавено на

часот

Сподели

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова изрази благодарност до демократското однесување и капацитетот на медиумите, коалициските партнери, жените, но и на нејзините противкандидати, за кои кажа, дека и во единствената дебата и во изјавите во текот на кампањата не го пречекориле нивото на пристојност.

„Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене, туку и на останатите, а особено сум горда на членовите на ВМРО-ДПМНЕ заради поддршката. Без нив немаше да го запознаам народот, ниту тој мене. Горда сум на мојот тим, постојано беа со мене, горда сум и на учесниците во иборната трка и посебно на коалиционите партнери на ВМРО-ДПМНЕ. Посебно сум горда на жените во Македонија, мислам дека е време на идентификација на жена со жена без оглед на која идеологија и политичка партија припаѓаат. Жените беа моја инспирација и јас нивна“, изјави Сиљановска Давкова.

Таа кажа дека ова е почеток на ново време и повторно повика на владеење на правото но и на „насушната потреба за обединување“. Затоа, вети таа, секојдневно ќе соработува со Владата, Собранието, со сите партии, невладиниот сектор, со медиумите. Дополни дека треба, како што рече, да се инспирираат граѓаните дека вреди да се учествува на избори.

„Македонија не може да биде само моја туку е твоја, таа е наша. Јасно ми е дека резултатот е инспиративен и знам дека она што ќе го ветам, ќе го остварам на мој начин. Ова е крајот на првиот круг, доаѓа вториот круг, јас ќе се однесувам и во вториот круг кон оној со кој ќе треба да се натпреварувам, со должна почит. Се разбира очекувам таков однос. Не мислам дека треба да фрлиме сенка кон она што се случуваше денеска, треба да ги инспирираме граѓаните, да ги увериме дека вреди да се учествува на избори, да се чуе дека сум горда, особено на граѓаните, а без граѓани нема горда Македонија“, рече Сиљановска Давкова.

Таа порача дека мора да се сплоти „сето она што навистина и посакува добро на Македонија и да не останеме само во македонски рамки, туку да делуваме регионално, да си помагаме и да ги користиме сите форми на соработка“.

„Ако немаме регионален пристап и борба во битката за европските интеграции, тогаш да не очекуваме поддршка однадвор. Во маргинализирањето на оваа држава учествувале и оние од Запад, со остуство на јасна политика за евроинтеграција. Ако побараме помош од оние во регионот што се членки на ЕУ, ќе бидеме компетититвен играч“, рече Сиљановска Давкова.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ