ВМРО-ДПМНЕ обвинува за „хаос и неизвесност“ во државата

Институциите се целосно нефункционални, бидејќи прв и единствен интерес на Заев и неговите најблиски соработници е личното богатење. Затоа владее хаос и неизвесност, а на две недели до почетокот на учебната година стотици илјади семејства не знаат дали и како ќе се организира наставата, обвинува ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение.

„Состојбата со коронавирусот е загрижувачка, секојдневно се бележат нови заразени и нови починати, а уште позагрижувачко е однесувањето и рамнодушноста на власта за целокупната состојба. Нови кластери се отвораат, како што е состојбата во психијатриската болница во Демир Хисар.

Бројот на активни случаи од 3.021 граѓани заболени со корона е поразителен. Македонија во август месец е високо на рангот на држави кои имаат најголем број на заразени на сто илјади жители со дури 594 случаи, далеку пред дел од земјите од регионот.

Системот на здравството не функционира со СДСМ на власт, состојбите во болниците и начинот на кој се третираат пациентите се мизерни, граѓани кои се негативни се ставаат во самоизолација или во карантин“, пишува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека многупати посочувале дека мерките за превенција треба да бидат во примарен фокус, за да може да се стави крај на ширењето на вирусот, но власта, како што велат, со недостатокот од знаење и својата неспособност дозволила вирусот да земе се поголем замав.

„Филипче и СДСМ со своите политики не знаат каде тераат, а безидејноста ја гледаме од почетокот на кризата до сега. Неспособноста за одлучување и преземање на одговорност во грижата за учениците, неизвесноста која се одолговлекува само го зголемува нетрпението кај родителите, и покажува дека Филипче и СДСМ немаат никаква идеја што да прават“, се вели во соопштението.

 

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе