ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Правосудството е под целосна контрола на Заев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение обвини дека Зоран Заев е на чело на, како што вели, „криминално рекетарската банда на СДСМ”. 

„Лажните вести, манипулациите и смешните оправдувања не може да ја потиснат вистината за ‘Рекет’, а тоа е дека Јанева, Јовановски и Кичеец рекетирале десетици македонски бизнисмени за суми кои надминуваат 20 милиони евра. Тие биле под заштита и во контакт со Зоран Заев и власта на СДСМ.

Блискоста помеѓу  Зоран Заев, Катица Јанева и останатите актери во случајот е јасна. Македонската јавност е информирана за тајните средби на Зоран Заев со Катица Јанева. македонската јавност е информирана за тајните средби на Вице Заев со Зоран Милевски Кичеец. Македонската јавност е информирана и за средбите на Кичеец со Зоран Заев, а сите се сеќаваме и на фотографиите на Бојан Јовановски во премиерскиот кабинет”, пишува во соопштението.

Според партијата, „правосудството е под целосна контрола на Зоран Заев и токму поради оваа причина никој во државата не се одважи да го повика Зоран Заев да даде исказ што се случувало со рекетот”. 

 

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе