„Додека граѓаните плаќаат поскапи сметки за струја, фирмите на Заеви нижат профити.
Доколку во изминатиов период СДСМ се поставеше домаќински и наместо буџетите на РЕК Битола и ЕЛЕМ да ги гледа како средство за богатење на поединци и се насочеше кон инвестиции и штедење немаше овие компании да имаат намалена добивка.
Наместо да вработуваше партиски војници и да врши директен поткуп пред избори, СДСМ преку ЕЛЕМ можеше да влијае на цената на струјата, која секаде во регионот и Европа во период на пандемија се намалува, само кај нас се покачува“, пишува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека „СДСМ не се грижи за граѓаните, сѐ додека се работи за интересот на поединци блиски до Заеви“.