ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Македонија е пред банкрот, а Заеви нижат профити

Зоран Заев и СДСМ преку поскапената струја, која ќе ја плаќаат граѓаните, собираат свежи пари кои подоцна преку тендери треба да ги земат фирми блиски до власта и Заеви, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека граѓаните плаќаат поскапи сметки за струја, фирмите на Заеви нижат профити.

Доколку во изминатиов период СДСМ се поставеше домаќински и наместо буџетите на РЕК Битола и ЕЛЕМ да ги гледа како средство за богатење на поединци и се насочеше кон инвестиции и штедење немаше овие компании да имаат намалена добивка.

Наместо да вработуваше партиски војници и да врши директен поткуп пред избори, СДСМ преку ЕЛЕМ можеше да влијае на цената на струјата, која секаде во регионот и Европа во период на пандемија се намалува, само кај нас се покачува“, пишува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека „СДСМ не се грижи за граѓаните, сѐ додека се работи за интересот на поединци блиски до Заеви“.

 

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе