ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството мора да каже кој сѐ е замешан во случајот „Рекет“

Република Македонија е жртва на криминалниот октопод на чие чело е аболицираниот Зоран Заев. Македонската граѓани се жртва на СДСМ кој своите криминални пипци ги рашири во секоја пора од општествениот живот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Никој не може да ја убеди јавноста дека човек како Зоран Заев кој е веќе три пати аболициран за тежок криминал не е вмешан во случајот „Рекет“. Јавноста не верува дека Зоран Заев не е главата на криминалниот октопод на СДСМ. Одговори мора да има кои високи државни и партиски функционери на СДСМ се вмешани во скандалот со изнудата и рекетот на политичари, бизнисмени и граѓани. Одговор мора да има зошто ниту еден обвинител не е осомничен во овој случај и покрај признанието на Вилма Рускоска дека на доказите кои обвинителството ги поседува се слуша гласот на уште едно лице, обвинител?

Дали овој обвинител е Катица Јанева, за која се шпекулира дека веќе ја има напуштено државата? Зошто доколку се работи за Јанева таа не е осомничена и не се наоѓа во притвор? Одговор од обвинителството мора да има и за тоа дали некои други луѓе од власта се вмешани во аферата рекет и доколку има за кои лица станува збор.

Обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта и да постапува во согласност законите. Правдата мора да важи подеднакво за сите, вклучувајќи ги и високите државни и партиски функционери од СДСМ. Доколку обвинителството не е на ниво на задачата и не се одважи да донесе правда во Македонија, правдата ќе се врати кога Зоран Заев ќе си замине. Кога правдата во Македонија ќе се врати ќе одговараат сите оние кои го прекршиле законот и оние кои биле должни да го гонат криминалот, а наместо тоа се ставиле во заштита на истиот“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе