„Впрочем сите години власт на СДСМ и ДУИ кои што поминаа беа најавувани како економски години, со квантен скок, со гиганти кои чекаат на граница, а всушност ни се случуваше фијаско од година во година со галопирачки раст на долгот. Оваа власт на СДСМ и ДУИ за 5 години се задолжи речиси колку сите влади заедно од самостојноста.
Наследија долг од 4,7 милијарди евра или 47% од БДП, а сега со последните најави за задолжување тој долг ќе достигне околу 8 милијарди евра или околу 65% од БДП. Ова значи дека само во владеењето на СДСМ секое просечно семејство е задолжено во просек со над 7.200 евра.
Патем и од овие пари кои сега се најавуваат како долг, како и од досегашните, народот не виде ништо. Нема автопати, болници, училишта, реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофа, нема додаден придонес во економијата, растот на БДП ни е најнизок во регионот, нивото на странски инвестиции ни е најниско во регионот, бројот на вработени во индустријата три години по ред се намалува, инфлацијата само во месец март достигна 8,8%, со еден збор - тотален економски колапс.
Тоа мора да престане. Причината за економските неуспеси е власта на СДСМ и ДУИ и таа мора да биде променета“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ