ВМРО-ДПМНЕ: Новото задолжување од 900 милиони евра е само доказ за економскиот колапс

Новото задолжување од 900 милиони евра кое што го најавува владата на СДСМ и ДУИ е уште еден доказ дека Македонија е во економски колапс. Тоа што Заев, администраторот Ковачевски и министрите во влада го најавуваа како невидена економска година, се претвора во гола борба за ликвиден буџет која што ќе се покрива со задолжување од речиси милијарда евра. Очигледно ниту една економија која е во добра кондиција и со такви амбиции не пропаѓа за неколку месеци како кула од карти и не се спасува со милијарда задолжување, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. 

„Впрочем сите години власт на СДСМ и ДУИ кои што поминаа беа најавувани како економски години, со квантен скок, со гиганти кои чекаат на граница, а всушност ни се случуваше фијаско од година во година со галопирачки раст на долгот. Оваа власт на СДСМ и ДУИ за 5 години се задолжи речиси колку сите влади заедно од самостојноста.

Наследија долг од 4,7 милијарди евра или 47% од БДП, а сега со последните најави за задолжување тој долг ќе достигне околу 8 милијарди евра или околу 65% од БДП. Ова значи дека само во владеењето на СДСМ секое просечно семејство е задолжено во просек со над 7.200 евра.

Патем и од овие пари кои сега се најавуваат како долг, како и од досегашните, народот не виде ништо. Нема автопати, болници, училишта, реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофа, нема додаден придонес во економијата, растот на БДП ни е најнизок во регионот, нивото на странски инвестиции ни е најниско во регионот, бројот на вработени во индустријата три години по ред се намалува, инфлацијата само во месец март достигна 8,8%, со еден збор - тотален економски колапс.

Тоа мора да престане. Причината за економските неуспеси е власта на СДСМ и ДУИ и таа мора да биде променета“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ


 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе