ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: Новинарите не смеат да подлегнат на притисоците на аболицираниот криминалец Заев

Новинарите кои пишуваа за скандалозните криминали на Зоран Заев и картелот околу него не се суетни. Тие се гласот на граѓаните и не смее да подлегнат на притисоците и заканите на аболицираниот криминалец. Цензурата е срам за која било земја. Веќе се е јасно како ден, во Македонија владее криминален тоталитарен режим, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ по вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев.

„Висок функционер на актуелната власт вчера потврди дека Зоран Заев влијае врз македонското судство. Потврди дека тој се мешал во правосудниот систем и барал начини да ги стави под своја контрола сите судии. Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети отворено посочи дека судството е под контрола на Заев.

Никој во Република Македонија не верува дека Зоран Заев, човек кој е три пати амнестиран за криминал не е на чело на криминалниот октопод кој своите пипци ги распространи во секоја пора на македонското општество. Македонската јавност од разговорите кои ги објави „Ла верита“, слушна како се злоупотребува правдата. Јавноста слушна како Јанева ја злоупотребува позицијата за милионски суми. Јавноста слушна како Боки Тредичи оваа игра ја игра за Зоран Заев.

Зоран Заев ја укина правната држава во Македонија, го закопа правото и правдината, а без овој основен постулат на демократијата, нашата држава не може да добие датум за преговори со Европската Унија. Аболицираниот Заев  и неговата криминална банда се најодговорни за застојот во македонските евроинтеграции. Одговорност за ова мора да има. Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара кога овој човек ќе си замине од политиката. Тогаш ќе одговараат и сите оние кои застана во одбрана на неговиот криминал и оние кои вршеа политички прогон во негово име“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе