„Висок функционер на актуелната власт вчера потврди дека Зоран Заев влијае врз македонското судство. Потврди дека тој се мешал во правосудниот систем и барал начини да ги стави под своја контрола сите судии. Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети отворено посочи дека судството е под контрола на Заев.
Никој во Република Македонија не верува дека Зоран Заев, човек кој е три пати амнестиран за криминал не е на чело на криминалниот октопод кој своите пипци ги распространи во секоја пора на македонското општество. Македонската јавност од разговорите кои ги објави „Ла верита“, слушна како се злоупотребува правдата. Јавноста слушна како Јанева ја злоупотребува позицијата за милионски суми. Јавноста слушна како Боки Тредичи оваа игра ја игра за Зоран Заев.
Зоран Заев ја укина правната држава во Македонија, го закопа правото и правдината, а без овој основен постулат на демократијата, нашата држава не може да добие датум за преговори со Европската Унија. Аболицираниот Заев и неговата криминална банда се најодговорни за застојот во македонските евроинтеграции. Одговорност за ова мора да има. Секој кој се огрешил пред законот ќе одговара кога овој човек ќе си замине од политиката. Тогаш ќе одговараат и сите оние кои застана во одбрана на неговиот криминал и оние кои вршеа политички прогон во негово име“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.