ВМРО-ДПМНЕ: Нов скандал на Шекеринска, наместо 108, за грејдер машина платила 232 илјади евра

Радмила Шекеринска, министерката за одбрана е вмешана во уште еден сомнителен тендер, каде што постои сомневање за проневера на буџетот од над 250.000 евра. Една машина грејдер модел ГР 1605 во Србија чини 108.000 евра, а Шекеринска во Македонија го набавува за 232.426 евра, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Згора на тоа на повидок е нов бонбона бизнис. СДСМ на 50-тина дена пред избори го раскрчмува Тиквешко Езеро и целиот воден фонд на Црна Река. Се отвора можност концесијата на Црна Река во целост да потпадне кај приватен партнер близок до СДСМ. Зоран и Вице Заеви се директно вплеткани во мрежата со Катица Јанева, Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец. Зоран и Вице Заеви во текот на јуни и јули имале средби со обвинетите и осудените во случајот „Рекет“.

Со ова само се докажува дека Зоран Заев е директен помагател, а со тоа и соучесник во „Рекет“. Од доказите кои излегоа во медиумите Заев знаел дека станува збор за чист рекет. Јавното обвинителство ова не смее да го премолчи и да останат пасивни набљудувачи.

Ваквите скандали и криминали нема да останат неказнети“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. 

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе