Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Нов милионски скандал на Ден Дончев и Венко Филипче, „метла“ веднаш

Министерот за здравство, Венко Филипче заедно со директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев во нов милионски скандал. Повторно се полнат џебовите на поединци со народни пари. Филипче и Дончев наместо да обезбедат за граѓаните навремена и соодветна здравствена услуга, тие ги ограбуваат, изјави денеска Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со темата што ја објави МКД.мк за зголемувањето на цените на операциите на срце што ги покрива Фондот за здравство.

„Министерот и директорот на Фондот на почеток на годинава ја префрлија детската кардиохирургија во приватна клиника, а сега ги зголемуваат цените за кардиохируршки операции. Станува збор за цени повисоки од околу 20 проценти, а надлежните, замислете, се вадат со тоа демек се зголемиле цените на потрошниот материјал за кардиохируршки интервенции. Цените на останатите хируршки интервенции остануваат исти и се непроменети веќе долг период. Кардиохируршките операции, пак, кои се вршат во две приватни клиники во Скопје добиваат нови далеку повисоки цени. И за кардиохируршките операции кои се прават токму во овие приватни клиники цените се покачуваат два пати во текот на една година. 
Со ова покачување на цените, ваквите интервенции во Македонија станаа поскапи дури и од оние во болниците во регионот како Бугарија, Србија, Турција и слично. 
Ова е само уште еден дополнителен скандал во здравството. Филипче и Дончев го распродаваат здравството. Тие треба да бидат изметени со метлата на Заев, и тоа веднаш“, рече Стојаноска.
На овие најнови одлуки на Фондот за здравство реагираше и Алијансата за Албанците.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе