Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту еден пат со кој се фали Заев не е нов проект, тоа се наши проекти

Кога наместо на работа, ќе се удри на трубачи и алкохол, како производ излегува соопштение како денешното од СДСМ. Што побргу се отрезнат, тоа подобро за државата. Две години освен крадење, Заев камен не фрли, ниту шајка закова, а го троши рекордно најголемиот буџет во историјата на Македонија. Нивото на капитални инвестиции е ужас, реагира ВМРО-ДПМНЕ на реакцијата на СДСМ.

„Време е СДСМ да престане да ги манипулира граѓаните на Република Македонија. Граѓаните многу добро знаат дека автопатите и магистралните патишта со кои СДСМ се фали се отпочнати во време на ВМРО-ДПМНЕ, а голем дел од нив се доведени во финална фаза на реализација. Откако Заев дојде на власт патиштата беа неосновано запрени подолг временски период. Автопатот Демир Капија-Смоквица, е проект целосно реализиран во време  на ВМРО-ДПМНЕ, неговото пуштање во употреба неосновано се одложуваше повеќе од 10 месеци поради неспособноста на Заев и неговите министри.

СДСМ неосновано ја запираше и изградбата на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид. Со што го пролонгираше само рокот на нивно завршување и пуштање во употреба, особено на патот Миладиновци – Штип. Ниту еден пат со кој се фали Заев не е нов проект. Овие патишта се проекти на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните не се со кратка меморија и знаат, кој што и кога направил за Република Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе