ВМРО-ДПМНЕ: Ништо од ветувањата на Заев и Анѓушев за рестартирање на Југохром и Охис

Зоран Заев и Кочо Анѓушев ја туркаат економијата кон дно.Трета година по ред ништо од ветувањата дека ќе се рестартираат „Југохром" и ОХИС. Стотици работници од овие некогашни гиганти три години се лажени од власта. Заев и Анѓушев пред изборите во 2016 година ветуваа заживување на економијата и решавање на сите проблеми како во случајот со ОХИС, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Три години по изборите од 2016, решение не е ниту на повидок. Поранешните работници на овие фабрики живеат мачно, а егзистенцијата на нивните семејства е доведена под знак прашалник. Заев и Анѓушев не направија ништо за Југохром и ОХИС, но затоа направија за нивните фирми. Заеви влегоа во бизнисот со марихуана, го купија струмичкиот конфекциски гигант „Герас Цунев“, а Анѓушев зема тендери. Додека функционерите на власта се богатат, граѓаните се чудат како да врзат крај со крај.   Заев, Анѓушев и целата влада мора да си заминат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе