ВМРО-ДПМНЕ: Никој не реагира на аферите Рекет 2, Вирус, Инсулин, Леонардо...

Зоран Заев и Драги Рашковски под сомнителни околности ќе дадат 72 милиони евра на фирма која постои два месеци, а Јовевски и Русковска наместо да го испитаат случајот трчаат по повикот на Заев да собираат хартивчиња. Во случајот Рекет 2 беа изнесени директни обвиненија дека се рекетирани 11 милиони евра, а Јовевски и Русковска место да го истражат криминалот собираат кесички на повик на Заев, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и неговиот брат Вице се директно обвинети од бизнисмен дека го рекетирале, а ЈО наместо да спроведе истрага чисти грмушки. Во Македонија цела година е спроведуван организиран рекет, за кој постојат индиции дека е поддржан од врвот на власта, а Русковска и Јовевски наместо да ги бараат организаторите чистат смет по паркови.

Здравството го погодија аферите Вирус и Инсулин, имаше крвав тендер од 35 милиони евра и министерството се користи како средство за испумпување пари од буџетот, а ЈО наместо систематски да ги истражи случаите, систематски чисти зелени површини.

Рашковски заглавен до гуша во криминал. Аферата Леонардо не е ни процесуирана, а ЈО наместо да ја процесуира се зафати со чистење на тротоари.

Милиони се изрекетирани, уште толку се исцедени од буџетот преку матни тендери, криминалот стана заштитен знак на Заев и неговата влада, а Јовевски и Русковска наместо да ги гонат, со нив чистат покрај контејнери“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе