ВМРО-ДПМНЕ: Неспособната и мафијашка влада на Заев продолжува расипнички да ги троши парите

Додека народот нема за леб во услови на корона криза, власта троши милиони на нови возила, колачи и финансирање на своите форми, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение.

„Радмила Шекеринска набавува колачи и вафли за 3,5 милиони денари. Оваа неспособна и мафијашка влада на Заев продолжува расипнички да ги троши парите. Затоа во Македонија 40 илјади луѓе останаа без работа, а истовремено Владата, преку Министерството за одбрана, објавува оглас на 28.08.2020 за индустриски кекси, колачи и разни вафли во висина од 3,5 милиони денари.

Без срам мафијашката влас на Заев го осиромашува народот за сметка на својот луксуз и лично богатење. Ја поскапеа струјата за 7,5%, воведоа второ поскапување на акцизата на горивата од 3 денари по литар, трошат рекорден буџет кој се собира од народот и ја задолжија државата за дополнителни 1 милијарда евра за само три месеци, а стандардот на граѓаните вртоглаво паѓа“, пишува во соопштението.

Според партијата, економијата се гуши во неликвидност, а власта троши 8,1 милион евра на возила, финансиска помош, грантови и субвенции на фирмите на владините функционери и десетици други скандалозни.

„Мандатот го дава народот, но мандатот народот и го зема. Заев доби мандат да ги решава, а не да ги создава проблемите“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе