ВМРО-ДПМНЕ: Неспоредлив е тимот на Заев со тимот на Мицкоски

СДСМ е на прав пат за во опозиција. Македонија со СДСМ е тргната по погрешен пат. СДСМ нема капацитет да ја води државата. Неспобноста на СДСМ се гледа и во првите соработници на Зоран Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека во тимот на Зоран Заев се луѓе со криминално минато како Силвио и Сокол, во тимот на Христијан Мицкоски е Борко Ристовски кој на Македонија ѝ има донесено многу гордост, радост и пријатни мигови. Спортист кој го раширил името Македонија низ цела Европа.

Додека во владата со Заев се рекетарите Филипче и Дончев, со Христијам Мицкоски е професорот д-р Сашко Кедев, врвен кардиохирург, кој е и дописен член на МАНУ и визитинг професор на Универзитет во Северна Каролина.

Неспоредливо е да се компарираат Љубе Бошкоски или кој било друг член на тимот на Заев, како Алекс Ружин, Зорица Апостолоска и слични со професорот д-р Гоце Андреевски, кој своето образование го стекнал во САД и Канада, а моменталтно е визитинг професор на Универзитетот Квинс во Канада.

Неспоредлив е тимот на Заев со тимот на Мицкоски. Заев е опкружен со криминалци, рекетари и подмитувачи, каков што и самиот е. Мицкоски е опкружен со професори, експерти, стручни луѓе, како што и самиот е. Јасна е разликата. Заев и СДСМ заминуваат во историјата. Време е за обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ, соопшти партијата.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе