ВМРО-ДПМНЕ: Нема реформи за влез во ЕУ, нема преговори во јуни

Владата две години не направи ниту една реформа, ниту пак проект во насока на приближување кон ЕУ. Зоран Заев лани ја лажеше јавноста дека Македонија треба да слави, бидејќи добила датум и ќе ги почнеме преговорите за членство во ЕУ. Заев не додржа долго во лагата, па излезе со новa дека ќе почнеме преговори за влез во ЕУ во јуни. Како минуваше времето така Заев призна дека никој не му ветил дека почеток на преговори во јуни и дека тоа може воопшто и да не се случи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Непочнувањето на преговорите во јуни е можно поради неспроведувањето на реформите од страна на власта, која потроши две години од животот на граѓаните без да спроведе ниту еден чекор за подобрување на стандардот.

Реформите кои се потребни за влез во ЕУ се одвиваат со бавно темпо, а не како очекуваното. Ова го коментираат експертите и професорите од Правниот факултет во Скопје. Немањето на реформи и неспособноста на власта се факт, кој го потврдуваат и експертите. Власта ја партизираше јавната администрација, која ја засили и со бран на непотизам, додека судството целосно го политизираше. Така не се оди во ЕУ, а уште помалку се постигнува фер општество за сите. Граѓаните немаат повеќе време за губење да чекаат СДСМ да си игра влада. Власта е неспособна и треба да си замине”, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе