ВМРО-ДПМНЕ: Нема реагенси по државните лаборатории, а Филипче се вози со мотори

Секојдневно умираат по неколку десеттина лица, системот не е организиран за да даде соодветен одговор, ама Филипче и Заев се „организирани" и за викенд се одмараат, поточно аздисуваат. И така, само во Македонија се поставува прашањето за вакцини, или каде се вакцините, кога ќе стигнат? Во меѓувреме други земји вакцинирале по 20-30 проценти од населението, некои и до 60 проценти од населението, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Само тука, исто така може да се постави прашањето дали има доволно реагенси, дали се прават доволно ПЦР тестови?

Прашањето за реагенсите, потоа за тоа дали има доволно термини за ПЦР тестови се поставува, замислете после повеќе од година дена корона во Македонија!
Граѓаните молат за термин за тестирање, ама очигледно нема. Срамно! Тоа, е тоа што Филипче и Заев знаат да го направат да се забавуваат, ама не и да ја работат својата работа за која се платени од граѓаните. Филипче и Заев веднаш одете си! Ќе одговарате“, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.



Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе