ВМРО-ДПМНЕ: Нема преговори, Заев се фати за криминал

СДСМ три години ја уништува државата. Република Македонија е жртва на неодговорноста, криминалот и корупцијата на власта. СДСМ со своето владеење ја загрози европската иднина на државата, соопшти денеска ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев е директно виновен за евентуално недобивање на датум за почеток на преговори. Наместо на реформи и унапредување на системот, Заев се фати за криминал.

Република Македонија треба да добие датум за почеток на преговори заради иднината на државата и граѓаните. Но СДСМ во секој случај треба да си замине. СДСМ не е способна да ги преземе реформите кои се нужни, ниту пак може да ја придвижи државата напред.

Зоран Заев наместо на државата своето владеење го посвети на семејството Заев. Наместо на реформи, се посвети на милионите кои ги вртат семејните фирми.

Со СДСМ и Заев на чело Македонија само доживува неуспеси. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе