ВМРО-ДПМНЕ: Нема лекови, амбулантни возила и вакцини, а директорите на Фондот за здравство купуваат луксузни возила

Однародената власт на Заев наместо инвестиции во здравството парите ги троши за луксузни возила.  Во време на економска, но пред се здравствена криза директорите на Фондот за здравствено осигурување купуваат две лимузини, односно едно возило од 82.600 евра и второ од 41.300 евра. Бесрамно и бесчуствително, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Здравството ни функционира со донации, а граѓаните се лекуваат преку собирање пари со СМС пораки, ама затоа директорите назначени од Заев купуваат за лични удопства. Додека во Македонија нема доволно амбулантни возила, власта набавува 45 службени возила за функционерите.

Додека нема доволно лекови, инсулин и клексани по аптеките , власта аздисува со народни пари. Додека се кубури со вакцини, функционерите од власта на Заев го трошат буџетот безмислосно.

Следниот пат кога граѓаните ќе видат апел за собирање на средства за лекување, или кога нема да можат да дојдат до лековите и терапијата, ќе се сетат дека директорите именувани од  Заев парите ги потрошиле за нови возила и за луксуз.
Ова мора да престане“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе