ВМРО-ДПМНЕ: Нема инвестиции, има задолжувања, криминални тендери и партиски вработувања

Расипништвото на Зоран Заев и Нина Ангеловска ги чини граѓаните 914 милиони евра за три години. Зоран Заев и Нина Ангеловска во само еден ден задолжија државата за нови 300 милиони евра. Со што вкупната сума за која ја задолжиле државата скокна на 914 милиони евра. Долгот порасна, а инвестиции нула, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„За цели 10 месеци од годинава власта реализирала само 40% од предвидените капитални инвестиции, односно 36% да не го направеа ребалансот. Капитални инвестиции немаше ниту лани, ниту годината пред тоа, но задолжувања имаше. Вкупниот долг на Македонија со Заев како премиер стигна фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра. Нема инвестиции, но има криминални тендери и партиски вработувања.

Милионите земени на заем не се трошат за граѓаните, туку за партиската врхушка на СДСМ и луѓето покрај нив. Расипништвото мора да запре. По 12 април ќе следува одговорност за секој денар потрошен од народната каса, потрошен на сомнителен начин“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе