Реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Нема датум за преговори, бидејќи во Македонија нема реформи

Република Македонија за жал не доби датум за почеток на преговори овој јуни, исто како што не доби ниту лани кога Зоран Заев и неговите соработници славеа во владиниот авион, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на премиерот Зоран Заев

„Република Македонија не добива датум затоа што нема реформи, а криминалот и корупцијата добиваат епидемиски размери. Зоран Заев ја срами државата секаде каде што оди. Граѓаните и државата само трпат штети од неговите лаги и манипулации.

Во официјалното соопштение од кабинетот на канцеларката Меркел, за жал не се спомнува датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и покрај заканите и уцените на Заев.

Сѐ додека Зоран Заев е на власт Република Македонија ќе трпи неуспеси. Зоран Заев мора да си оди од власт за Македонија да тргне напред”, пишува во партиското соопштение. 

Во него се додава дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи за добивање датум за почеток на преговорите, бидејќи „граѓаните и државата не смее да бидат казнети и да трпат последици заради неговата неспособност”.

 

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе