ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме она што Заев со новиот закон за ЈО го посакува - амнестија за себе и своите послушници

СДСМ на насилнички и шверцерски начин сака да го донесе Законот за Јавно Обвинителство со намера да се спасат од сите криминали и афери во овие години откако власта е во нивни раце. Не ги почитуваа ниту забелешките на експертите што е доказ дека Заев и неговите послушници со овој закон сакаат да се спасат од одговорност, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со законот за Јавно обвинителство, Заев предлага Русковска и Јовевски да можат да се сменат со 2/3 мнозинство од Советот на јавни обвинители. Тоа треба да му биде гаранција дека тие и понатаму ќе можат да ги исполнуваат неговите наредби и ќе тераат селективна правда.

Со овој закон Заев сака и понатаму да продолжи амнестијата на криминалот каде прислушуваните разговори нема да важат за него и блиските соработници, но за други ќе важат. Ова само покажува дека тој се плаши од прислушуваните разговори кои ќе го докажат неговиот криминал и затоа бара тие да не бидат користени како доказ при судска постапка.

Затоа мнозинството во Собранието предводено од СДСМ, на шверцерски начин, со кршење на сите демократски правила, го турка законот. Според Уставот на Република Македонија предлагач на закон може да биде претседател на држава, Влада, пратеник и 10.000 потписници, а не премиер на државата.

На сите во државата им е повеќе од јасно која е намерата на оваа власт со донесувањето на овој закон. Правда мора да има“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе