Предвремени парламентарни избори

ВМРО-ДПМНЕ: Не смее да му се дозволи на Заев да се мајтапи со Македонија

Зоран Заев е срам за Македонија. Зоран Заев како премиер си дозволува да навредува државници на пријателски земји и да открива на што сѐ е подготвен на непознати лица преку телефонски разговори. Зоран Заев нема капацитет да открие со кого разговара, ниту има капацитет да ја заштити сопствената безбедност на комуникацијата како прв човек на владата, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Затоа нема дилема дека Заев би имал капацитет да се грижи за здравјето на граѓаните. Заев нема капацитет да се справи со корона кризата. Заев и Филипче успешно се справуваат со короната, колку што успешно се борат против криминалот.

Македонија продолжува да брои трицифрени бројки на ново заразени лица, додека Филипче му тера кампања и му снима спотови на Заев. Во последното деноноќие има 163 заразени и за жал 8 починати лица. Македонија е рекордер во регионот по заразени и смртни случаи на еден милион жители.

Наместо одговорност, СДСМ, Заев и Филипче презентираат лажна нормалност и ги убедуваат граѓаните дека успешно се справуваат со епидемијата од корона вирусот. Навистина е жално колку СДСМ очајно и упорно ја потценуваат интелегенцијата на граѓаните.

Но што да очекува јавноста од лица кои три години зборуваат дека се борат против криминалот, а се до гуша заглавени во него. Слушнавме сведоштва дека изрекетираните пари во Македонија завршиле кај Заев, слушнавме дека се трампа правдата за милиони евра, слушнавме дека проруски бизнисмен дал 300 илјади евра на владата на Заев да му овозможи бизнис во Македонија, видовме како снопчиња пари се ставаат во торби и уште многу други примери, а сепак го слушаме Заев како зборува за апстрактна борба со криминалот и правна држава. Тоа говори колку се одлепени од реалноста и како безочно го лажат народот, како за справувањето со епидемијата, така и за секој друг нивни неуспех“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе